„Се работи за градските линии после осум часот, како и без ограничувања, за приградските линии“, појаснија од „Градски превоз”.
Претходно и претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, информираше за бесплатен градски превоз за сите пензионери секој ден на територијата на општина Кавадарци, овозможен преку ЈП „Градски превоз Кавадарци“ од први јануари 2026 година.
„Ова беше дел од предизборната кампања – ветување кое денес е исполнето. Продолжуваме со дела, не со зборови“, сподели Рамов.






