Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.
„В понеделник, во 11 часот пред Уставен суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија“, изјави пензионерот Зоран Трајков.
Трајче Станојков пензионер од Свети Николе најави ако во понеделник протестот не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања. Тој додаде дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка. Пензионерот од Штип, Трајче Митев вели дека имаат и конкретни барања.
„Ќе се бориме за покачување на посмртннина од 35.000 на 50.000 денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка“, вели Митев.
Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје, Куманово.
„Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покачување на пензиите“, вели пензиионерката Вера Јовановска.
Пензионерите најпрво добија пет илјади денари линеарно покачување на пензиите, во септември на картичките добија уште илјада денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за уште една илјада денари.






