понеделник, 8 декември 2025

ЛДП ги предлага Пенов за градоначалник, Пановски за носител на листа за Советот, за локалните избори во Скопје

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити од партијата за кандидат за градоначалник и носител на листа за Скопје од редовите на Либерално демократската партија, дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука, според неофицијални извори, била донесена на вчерашната седница на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучат овие партиски кадри.
Ристо Пенов е познат на јавноста како искусен политичар, кој беше градоначалник на Скопје во два мандата, од 1996 до 2005 година, период во кој иницираше и реализираше повеќе инфраструктурни и урбани проекти во главниот град.
Никола Пановски, еден од водечките експерти во областа на јавното здравство, е познат по своите стручни ставови и анализи за време на пандемијата ковид-19, каде јавно укажуваше на проблемите во здравствениот систем. Активен е и во политиката како член на Советот на Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ