недела, 15 март 2026
Порака од претстедателот на Македонија

Пендаровски поддржува Владата да го разреши раководството во М-НАВ

„Најостро го осудувам насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. Истовремено ја поддржувам иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај“, реагира претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

„МВР, исто така, има целосна поддршка во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата, при квалификацијата на прoтивправните дејствија треба да се земе предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.
Ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите“, порача шефот на државата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ