понеделник, 8 декември 2025

Пехчево е безбедно, вечерва од пожарите ќе се бранат пет села

Во Општина Пехчево, кај селото Негрево се разгорува силен пожар, гори борова шума, а запалени шишарки летаат наоколу и предизвикуваат нови и нови жаришта. Сепак, според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и градот Пехчево и селото Негрево се безбедни.

Објавено на

часот

Сподели

Локалното население, заедно со пожарникарите од Пехчево, Берово и Делчево, со помош на  општинската механизација успеаја да создадат противпожарни појаси против можното навлегување на пожарот во градот и селото.

Од ЦУК најавуваат дека утре наутро тука ќе се делува од воздухопловите.

Ноќва останува да се одбранат уште пет населени места од пожарите на територијата на Источна Македонија. Вечерва регистриран е пожар и на територијата на Општина Гостивар.

Состојбата е крајно сериозна, секој ден се појавуваат нови и нови пожари, а временската прогноза не е воопшто поволна, изјави Ангелов и додаде дека МВР засилено работи трагајќи по предизвикувачите на пожарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ