Пецаков, кој како што вели е првиот градоначалник на Охрид кој остварил средба со Генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.
„Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита, дека се работи на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО. Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап“, вели Пецков.
Тој уште нагласува дека Охрид бара лидерство и конкретни дела, како и оти односната посета е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за Охрид како национално културно и природно богатство.






