понеделник, 8 декември 2025

Пазарниот инспекторат сузби шверц на тутун вреден над еден милион денари

Државниот пазарен инспекторат на 17 и 18 ноември извршил инспекциски надзори во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 фирми кои вршат трговија на мало со тутун и тутунски производи. При извршените инспекциски надзори кај 16 фирми биле пронајдени количини на тутунски производи за кои фирмите не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки – акцизни марки, дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на МКД.мк, пронајдените производи, над 3.000 пакувања, се со вредност од над 1.000.000 денари и се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот.

„За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.  Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави  известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности. Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот“, велат изворите на МКД.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ