Од ТХП информираа дека на настанот присуствувале претставници на коалициските партнери, истакнати личности на турската заедница, како и претставници од областа на уметноста, образованието, медиумите и граѓанските организации.
„Ифтарската вечера помина во духот на солидарност, меѓусебна почит и заедништво, при што беше нагласена важноста од дијалог, соработка и негување на заедничките општествени вредности. Партијата за движење на Турците – ТХП останува посветена на унапредување на меѓуетничката соработка и општествената кохезија во РСМ“, се наведува во соопштението на ТХП.






