„Во повеќе наврати во изминатите години, преку својот претставник во Собранието, пратеникот Илија Николовски, кој е претседател на партијата, нудевме конкретни решенија за овој проблем и предизвик, со кој се соочуваат огромен број на пациенти од кој повеќето се пензионери.
Бараме Министерство за здравство да го спроведе годишното усогласување на максималните цени за 2026 година, и на листата да се најдат многу повеќе лекови со намалени цени со што би се приближиле на рамниште од земјите од регионот, за да не бидеме и понатаму земја со највисоки цени на медикаментите.
Исто така, ја охрабруваме и поддржуваме Владата за благовремено и сеопфатно носење на сите соодветни мерки и активности, а со цел за подобро справување со моменталната светска, но воедно и домашна, криза со сите видови на енергенси во земјата.
Бараме да не се дозволат злоупотреби од каков било вид и обем, кои вештачки би се пренеле во сите сфери на економијата и со самото тоа на секојдневниот, и онака оптоварен, живот на сите граѓани на земјата.
Потикнуваме директна, отворена, добронамерна и реална комуникација помеѓу сите политички фактори и актери на општествената сцена во Македонија, а со цел за полесно поминување на уште едно светско премрежје“, соопшти Партијата на пензионерите.






