сабота, 12 јули 2025

Партијата на пензионери ја напушта коалицијата со СДСМ, 90 отсто од членовите сакаат да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на партијата, Илија Николовски, ова е по желба на членството, односно околу 90% од членовите се изјасниле дека сакаат да бидат во коалиција со власта.

Објавено на

часот

Сподели

Според Николовски, на расправите на извршниот и централниот одбор на партијата, имало мислење од неколкумина дека на локалните избори треба да настапат самостојно, но 90 отсто се изјасниле за коалиција со актуелната власт, додека за останување во коалиција со СДСМ – никој не се изјаснил.

За престојните локални избори, Партијата на пензионери најавува дека ќе имаат свои листи за советници во Штип, Делчево, Пехчево, а во Општина Карбиници ќе имаат и свој кандидат за градоначалник. На ниво на државата ќе бараат министерски места и директорски фотелји.

Како што посочи Николовски, очекуваат поголема вклученост на членови во партијата со цел да се изнесат барањата на пензионерите, како и повеќе советнички места во општините.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ