среда, 2 април 2025

Партијата на пензионери го поддржува предлог-законот за работното ангажирање на студентите и пензионерите

Во целост ја поддржуваме Владата во врска најавата на премиерот Мицкоски за изработка и ставање во процедура на предлог на закон за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија, се вели во соопштение на Партијата на пензионери.

Објавено на

часот

Сподели

„Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала вакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на оние лица кои се пензионери и студенти.

Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите, но и самата држава беа губитници, донесување на вакво законско решение претставува голем исчекор напред, во секој поглед за големата пензионерска популација, но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите.

Партијата на пензионери, посебно го поздравува фактот што во предлогот на новиот закон има поддршка и од парламентарната опозиција, што дополнително дава значење на истиот.

Со ова законско решение, дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има целосната поддршка од страна на Партијата на пензионери“, порачуваат од партијата..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ