вторник, 6 јануари 2026

Партија на пензионерите: Имаме забелешки на Законот за работно ангажирање на пензионерите

Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионери, особено што Партијата на пензионери преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагаше донесување на сличен Закон, но за жал не беше прифатен од претходниот Парламент.

Објавено на

часот

Сподели

„Токму затоа овој чин го гледаме како револуционерен. Но, имаме забелешки за недостатоците на овој Закон, како што се: нема потреба од ограничување на Законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана.
Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација,
Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики.

Токму затоа ја охрабруваме Владата и Собранието што е можно побрзо донесат измени и дополнувања на споменатиот Закон со што ќе придонесат за намалување на работата на црно и сивата економија, а истовремено ќе придонесат за поголем прилив на финансиски средства во пензискиот фонд“, е вели во соопштението на Партијата на пензионерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ