На забавата настапуваа познатите ликови Биби и Боби, а беше организиран и квиз со богати награди и многу изненадувања. Се одржа и креативна работилница „Бојадисај куќичка за куче“, на која децата декорираа куќички за милениците кои ќе му бидат донирани на јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни Лајка од Скопје.
Роденденските активности по повод вториот роденден на Дајмонд мол почнаа на 20 октомври, кога беше отворена Зоната за донации, каде посетителите можат да остават храна и опрема за миленици, кои потоа ќе му бидат донирани на ЈП Лајка.
Од 24 до 26 октомври се одржува и Саем за храна за миленици, на кој учествуваат компании од оваа индустрија кои нудат совети за правилна грижа за животните. На специјалниот ветеринарен штанд посетителите имаат можност за консултации со ветеринари за нивните домашни миленици, а оние што сакаат да вдомат бездомно куче можат да ги видат и изложените фотографии од бездомните кучиња и да се сретнат со нив.
Утре е централната прослава на роденденот, односно хуманитарниот концерт, што ќе се случува во атриумот на Дајмон мол со почеток во 12 часот. На концертот ќе настапат популарните пејачи Тамара Тодевска, Лозано и Викторија Лоба, а специјален гостин ќе биде музичката легенда Драган Мијалковски. Влезот за концертот е бесплатен, а единствен услов, во духот на целиот настан, ќе биде да се донесе минимум еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе ѝ биде донирана на ЈП Лајка, кој е партнер на Дајмонд мол во реализација на овој хуманитарен настан. Во 14.00 часот ќе бидат објавени добитниците од роденденската наградна игра, по што концертот продолжува.
Дајмон мол официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на лајф-центар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава.
Комерцијален текст






