четврток, 18 декември 2025

Пандов: Работата е најдобра ресоцијализација за осудените лица

Работата е најдобра ресоцијализација. На тој начин што ќе оспособиме осудени лица или осуденички и ќе им дадеме занает, ние ќе им дадеме начин како кога ќе излезат од затворите да остваруваат приходи за сопствениот живот, а да не се враќаат на криминалот, вели директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и нагласува дека веќе година и половина, откако е на функцијата, работат да се смени начинот, бидејќи „за жал сега доаѓаат да ја одлежат пресудата, а не да ја одработат“.

Објавено на

часот

Сподели

Пандов, кој денеска заедно со управникот на Затворот „Идризово“, Зоран Јовановски оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која беше во посета на работилницата-шивална, којашто функционира во рамки на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, посочи дека првпат во историјата на Република Македонија, претседател на држава е дојден во посета да види работно ангажирани осуденички.

„И тоа е голема чест и за затворскиот систем, за Управата за извршување санкции, за самиот затвор Идризово. И јас, ќе ми дозволите повторно да го кажам она што го кажа и претседателката, а тоа е дека сум длабоко уверен, а сега после овие година и пол директорување во Управата имав можност да посетам неколку држави и повеќе затвори – работата е таа којашто е најдобра ресоцијализација“, изјави Пандов.

На тој начин што ќе оспособиме осудени лица или осуденички на коишто ќе им дадеме занает, нагласи Пандов, ние ќе им дадеме начин како кога ќе излезат од затворите да остварат приход за сопствениот живот понатака, а да не се враќаат на криминалот.

„Го поздравувам директорот Зоран Јовановски, којшто ја направи оваа акција, и се надевам дека нема само на ова да останеме. Затворот Идризово повторно ќе биде една економска единица којашто ќе прави приход, не само за затворот, туку и за цел затворски систем и за државата Македонија. А, ќе прави добро на тој начин и за самите осудени лица, коишто за жал сега доаѓаат да ја одлежат пресудата, а не да ја одработат. Ќе направиме сè тоа да го смениме“, нагласи Пандов.

Пандов посочи дека во секој затвор има работно ангажирани луѓе коишто се грижат околу самиот затвор, меѓутоа економски вака има во помалку повеќе во секој затвор, посочувајќи дека со реконструкцијата на Затворот „Идризово“, освен шивална, ќе имаат работилници и за столарија и за металургија.

„И сега, ако претходно имало  наследени три, да речеме, три добитока, сега зголемена е таа бројка, потребно е време. Ако немало никаква фарма, сега е изградена фарма. Она што постојано го кажував. Ние претходно како затворски систем едно јајце не произведуваме, што е едноставна работа. Треба да се направат кокошарници, и да се купат кокошки, да се хранат. Сега тоа е сменето во голем дел од затворите. Веќе тоа е придвижена работа. И јас ве уверувам дека тоа од година в година ќе биде сè поголем број, а со завршување в година, кога ќе почне да се гради втората фаза во затворот Идризово, предвидени се и објекти каде што ќе имаме и столарија и металургија, текстилна фабрика, каде што ќе се произведуваат и облеки, и за затворениците, и за затворската полиција. Можеби во идно време постелнини… и сето тоа. Секакви потреби коишто имаат затворите, самите затвори да го произведуваат тоа“, изјави директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ