вторник, 17 февруари 2026

Панчевски на социјалните мрежи објави доказ дека има стаж за државен јавен обвинител

Судијата Владимир Панчевски, реагираше на социјалните мрежи, по објавувањето на мислењето на Советот на јавни обвинители за петтемина кандидати за државен јавен обвинител.

Објавено на

часот

Сподели

Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител, затоа што, како што беше наведено во мислењето – не го исполнувал условот од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право.  Панчевски ја објави потврдата, со која покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.

„Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави на Фејсбук експретседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.

Тој интегрално ја објавува потврдата на Основниот кривичен суд Скопје.

„ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, потврдува дека лицето Владимир Панчевски бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место – Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во овој суд од 12 години, 5 месеци и 20 дена.

Во текот на судискиот стаж лицето Владимир Панчевски како судија постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција, Одделот за претходна постапка и Одделот за прекршоци, а истиот беше и претседател на Основниот Кривичен суд Скопје. Потврдата се издава на негово барање“, гласи текстот на потврдата.

На потврдата е потпишан Дејан Нешовски, како судски администратор на скопскиот Основен кривичен суд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ