четврток, 29 мај 2025
Судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Палевски тврди дека доказите на Обвинителството против него се наместени

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжи распитот на првоосомничениот Љупчо Палевски за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, извршени во ноември 2023 година. Со своето сведочење пред судот, Палевски со свои докази се обидува да докаже и да го увери судот дека обвинителството ги местело доказите против него и дека тие се лажни.

Објавено на

часот

Сподели

Палевски тврди дека било вршено притисок врз сведоци како што бил Ерол Османи кој тврдеше дека Палевски котелот на кој се греел му го поправал на 28 ноември 2023 година, а Палевски тврди дека тоа било на 22 ноември затоа што според Палевски невозможно било на 28 неомври физички да бил присутен во скопската населба Бутел каде што живее Османи. Зборувајќи за вештачењето на неговиот телефон тој рече дека од вештачењето од 18.7.2024 година се гледа дека на 28.11.2023 кога Османи тврди дека бил првен ремонт, Палевски примил повеќе пораки на апликацијата Телеграм од извесен битолчанец Зоран Китевски, со кој договарале гостување во поткаст кој почнал вечерта во 22 часот во живо и траел до 23:33 часот.

Како дополнение Палевски читаше уште други пораки кои во текот на поткастот ги примил со цел да докаже дека невозможно било физички да биде присутен кај Османи, што според Палевски докажува дека овој сведок не ја кажувал вистината. Палевски кажа дека пораките од неговиот телефон кои ги прочита пред судот докажуваат дека обвинителството направило грешка што прво го испитало Османи, па потоа го вештачела телефонот. Палевски тврди дека Османи е лажен сведок.

Прашан дали го познава Панче Жежовски рече дека не знаел дека постои таков човек и дека немал никаква комуникација со него.

„За него научив многу само од тоа што читав од судските списи. Тврдењата на Велибор Манев во врска со Жежовски се неточни, затоа што караницата меѓу Манев и Жежовски не била само за некоја незавршена работа со бекатон плочки – затоа што во куќата на Жежовски биле пронајдени кривична пријава, поплаки до Советот на јавни обвинители, како и пријави во МВР од Жежовски против Манев, во кои Жежовски тврди дека Манев бил под заштита на Јавното обвинителство во Велес. Меѓу нив постоела омраза и нетрпение кое траело десетина години. Видеото што обвинителството го презентираше од куќата на Велибор Манев е збир од снимки од повеќе настани и во него е манипулирано со времето, тоа е фалсификувано. Вештачено е во август 2024 година, а видеото е земено осум месеци порано, од обвинетиот Манев. И не е проблем што им требало осум месеци да го вештачат, туку самото однесување на Обвинителството за тоа што е јасно напишано дека е предадено на 5.9.2024 година, две недели пред почетокот на главната расправа“, рече Палевски.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ