недела, 7 декември 2025

Пак закани и говор на омраза на Тричковски по социјалните мрежи – „…распарченото тело на Христијан“

Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан. Вака на Фејсбук напиша пензионираниот новинар Бранко Тричковски, познат поддржувач на политиките на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Ова стои во дел од коментарите на вчерашната информација за дојава за бомба во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Полицијата вчера го испразни плоштадот „ВМРО“ во Скопје откако добија дојава за оставен куфер во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за труд и социјална политика и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Пријавата дошла од обезбедувањето на ЈПДП, кои од видео надзорот забележале како две лица оставаат куфер.

По направените проверки, било утврдено дека нема никаква опасност, ниту поставен експлозив.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР) швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од Цирих и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (родена 1985 година) која влегла во Македонија на 1-ви месецов со лет од Цирих, се двете лица кои се на снимката.

Oд видеото се гледа како мажот и жената полека се доближуваат до паркингот за велосипеди под големиот билборд на партијата ВМРО-ДПМНЕ, при што гледаат наоколу и нагоре. Мажот набрзина го остава црниот куфер до паркирните велосипеди и двајцата забрзано го напуштаат местото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ