недела, 21 декември 2025

Пак подметнат пожар во градинка и училиште во Бутел, Костовски прашува до каде ќе оди лудоста

„Повторно подметнат пожар до градинката и училиштето Св. Климент Охридски! До каде ќе оди лудоста !? Брзата реакција на полицијата и пожарникарите веднаш го локализираа новиот опасен пожар. Дефинитивно станува збор за подметнување со цел опожарување на ново изградената детска градинка“, објави на Фејсбук градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека МВР интензивно работи на расветлување на случајот.

„Ќе бидат поставени и целовечерни полициски патроли. На терен ќе биде и општинскиот кризен штаб. Тоа што го градиме треба да го чуваме, овие неразумни пориви нема да не донесат никаде“, истакна Костовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ