недела, 14 декември 2025

Пак гори на Серта, 10 активни пожари

Во моментов активни се 10 пожари, од кои четири се повторно на планината Серта. Од Центарот за управување со кризи информираат дека не е загрозено ниту едно населено место Нов пожар денеска се појави над Мрзенци, Општина Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од пожарите на Серта е над полигонот Криволак, а гори и од штипска и од неготинска страна. Пожарот над селото Калањево беше изгаснат, но за жал пак е активен.

Пожари има и во Општина Чашка, меѓу селата Габровник и Богомила на линија од околу 30 километри. Стрмните падини го отежнуваат гаснењето. Гори и околу план ината Лисец каде денеска се делуваше и со ер-трактори. Борова шума гори во Македонци Брод, меѓу селата Тажево и Брезница. Тука се делуваше со воздухоплови, но пожарот е активен. Активни се и пожарите кај Небрегово, Прилеп, Росоман кај селото Фариш и над Мрзенци, Гевгелија.

На терен се пожарникари, доброволци, мештани, 150 војници, 55 полицајци, 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во најголем дел гори нискоквалитетна шума, трње, грмушки…, но еколошката штета е голема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ