„Веднаш по добиената пријава, скопските пожарникари излегоа на терен и започнаа со гаснење. Бидејќи стануваше збор за специфичен тип на пожар, беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина. На терен беа активирани градежни машини, а нивните возачи многу брзо пристигнаа и се вклучија во интервенцијата,“ изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека само еден час по интервенцијата пожарот бил изгаснат и целосно затрупан, со што било спречено негово ширење во главнината на депонијата.






