среда, 4 март 2026

Падна „седумка“ на лото во Кавадарци, среќниот добитник ќе земе над 1.280.000 евра

Во 18-тото коло беше извлечена главната премија „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.

Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари.

Според податоците, ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, со вредност од околу 1,273 милиони евра. Најголемата премија досега, од околу 1,7 милиони евра, беше исплатена во август 2024 година, кога добитното ливче беше продадено во Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ