Градоначалникот на Општината Александар Стојкоски вели дека механизацијата е на терен и се чека да заврши увидот, по што ќе започне расчистувањето на остатоците. Во овој дел од општината е исклучена и електричната енергија. Повредени лица нема, но има голема материјална штета.
Екипи на општината се на терен и отстрануваат паднати дрвја во Паркот во Ѓорче Петров, во населбата Даме Груев, во Ново Село во потегот накај Мага Паркот и на други места.
Пријавени се исто така и пожари во Стопански Двор, којшто е изгаснат, како и во Волково.






