Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем чекор напред во здравството.
Директорката на Клиниката Даница Петкоска Спирова рече дека ова претставува значаен чекор во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот од Клиниката.
„Со оваа процедура овозможуваме навремето и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО“, рече Петкоска Спирова.






