недела, 14 декември 2025

Овој месец почнува изградба на колекторски систем во Трпејца, кажа премиерот

Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на патот од Климештани до Охрид (дел од автопатот Кичево – Охрид), претседателот на Владата соопшти дека во втората половина на август „веќе се воведува фирмата изведувач во работа“ и оти проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази.

„Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи – потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што, даденото ветување за трпејчани ќе биде  реализирано“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ