четврток, 12 јуни 2025

„Ова лето купувај, цела година уживај“ – наградна игра на ВЕРО со вредносен ваучер од 500.000 денари

Со слоганот „Ова лето купувај, цела година уживај“, ВЕРО маркети ја лансираат својата нова голема летна наградна игра од 21 мај до 18 јули и ќе им понуди на потрошувачите можност да освојат вредни неделни награди, како и главна награда вредносен ваучер во износ од 500.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на целата наградна игра ќе бидат доделени: 1 ваучер од 500.000 денари, 8 ваучери од 30.000 денари, 8 ваучери од 15.000 денари, 24 ваучери од 12.000 денари, 48 ваучери од 6.000 и 3.000 денари.

Во периодот на наградната игра, секоја сабота во 12 часот во ВЕРО Центар – Скопје, јавно ќе се одржуваат извлекувањата на добитниците. Големото финале ќе се одржи на 19 јули, кога ќе биде извлечен среќниот добитник на ваучер во вредност од половина милион денари.

Секој потрошувач кој ќе направи сметка над 350 денари со барем еден производ од означената промотивна понуда, добива купон за учество. Со пополнување на купонот и негово оставање во обележаните кутии во ВЕРО маркетите, автоматски се вклучува во извлекувањата за вредносни ваучери.

Имињата на среќните добитници ќе бидат јавно објавувани на официјалните социјални мрежи на ВЕРО Маркети, а информации ќе може да се добијат и директно во маркетите.ВЕРО Маркети ги наградуваат своите потрошувачи ова лето како никогаш досега – затоа купувајте, зачувајте ја фискалната сметка и очекувајте ја вашата шанса за добивка!

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ