петок, 10 април 2026

Отворена противпожарна станица за општините Теарце и Јегуновце

Отворена е противпожарна станица за општините Теарце и Јегуновце, во близина на село Лешок на магистралниот пат Тетово-Јажинце. Со нејзиното пуштање во употреба значително ќе се намали времето потребно за во гаснење пожари и други интервенции во овој дел од Тетовскиот Регион. Противпожарната станица е дел од противпожарната бригада на Општина Тетово, а неа засега ќе ја опслужуваат 8 пожарникари од Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Отворањето на оваа противпожарна станица е во рамките на нашиот проект за проширување на капацитетите на противпожарната единица од Тетово. Почнавме во општина Желино, а денес сме тука да ја промовираме оваа станица која ќе ги покрива општините Теарце и Јегуновце. И во иднина ќе продолжиме со оваа активност и очекуваме ваква противпожарна станица да се отвори и за Општините Боговиње и Брвеница“, изјави градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами.

Барањето на жителите од општините Теарце и Јегуновце за отворање ваква станица е од многу одамна, бидејќи поради нивната оддалеченост од Тетово често се случувало противпожарните возила да стигнуваат до местото на пожарот со големо задоцнување. Токму затоа и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши и градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски изразија голема благодарност до Општина Тетово и тетовската противпожарна бригада што направиле напор една ваква противпожарна станица да се отвори и за нивните општини.

„Ова е историски датум за општините Теарце и Јегуновце, поради тоа што со години се трудевме да се отвори една ваква противпожарна станица со која ќе бидеме поблиску до граѓаните и побрзо ќе интервенираме. Засега оваа противпожарна станица ќе ја опслужуваат 8 пожарникари од Тетово, а ќе работи само преку ден. Очекуваме наскоро нејзино доекипирање за да може да работи 24 часа. Сега имаме на располагање две противпожарни возила, а наскоро ќе добиеме уште едно големо возило“, изјави Авни Амети, командир на тетовската противпожарна бригада.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ