понеделник, 5 јануари 2026

Отворена изложбата „Македонското малцинство во Пустец – наследство од генерација на генерација”

Во рамки на проектот „Македонското малцинство во Пустец – наследство од генерација на генерација“, денеска во Пустец беше отворена изложба на фотографии на уметникот Роланд Бекирај. Проектот е реализиран од Центарот „Казус“, поддржан од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на проектот „Македонското малцинство во Пустец – наследство од генерација на генерација“, денеска во Пустец беше отворена  изложба на фотографии на уметникот Роланд Бекирај.

Проектот е реализиран од Центарот „Казус“, поддржан од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество.

Изложбата претставува визуелен мозаик, каде уметничката чувствителност се испреплетува со реалистичен пристап и тонови, со цел да се прикаже духот на Преспа и нејзините жители.

„Преку објективот на Роланд Бекирај, 30-те дела од изложбата донесоа епизоди од секојдневниот живот на македонската заедница во Пустец: портрети обликувани од времето, убавини недопрени од модернизацијата, пејзажи со величествена и неповторлива убавина, елементи од традицијата и културниот идентитет, како и длабоките корени на ова историско наследство, кое восхитува во секој детали“, информираше Општина Пустец.

Се оценува дека изложбата пренесува силни доживувања преку една целосна, животна и автентична приказна, која ја “открива нераскинливата врска на жителите од овој регион со нивната единствена културна и историска припадност”.

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, високо го оцени  професионализмот и посветеноста со кои се реализирани делата на оваа изложба, нагласувајќи дека преку фотографската уметност мајсторски се откриени природните богатства на Преспа, културата и духот на македонската заедница, кои со гордост го претставуваат својот етнички и културен идентитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ