Пред присутните се обрати раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски, кој објасни дека денес во дивината се останати уште помалку од 50 единки од овој критично загрозен вид.
Многубројната публика го искористи присуството на тимот на Македонско еколошко
друштво за да ги прошири своите знаења за балканскиот рис.
Програмата за закрепнување на балканскиот рис, која делува во рамки на МЕД, следната година одбележува две децении постоење и посветена работа. Таа беше првиот поттик за систематско мониторирање и истражување на овој вид, со крајна цел да се обезбеди неговиот опстанок.

Балканскиот рис е апекс-предатор, без природни непријатели во животинскиот свет.
Неговиот најголем непријател е човекот – преку криволов или индиректно, преку
уништување на шумите, со што се загрозува неговото живеалиште и се поттикнува
неговото исчезнување.
Во хотел „Неда“ изложбата ќе биде поставена до 31 август, а потоа ќе биде претставена и во други места низ Македонија.






