недела, 14 декември 2025

Отворена истрага за шестмина трговци со дрога

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска и формално отвори истрага против шестмина поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопшти Јавното обвинителство (ЈО).

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 1.05.2025 година до 3.07.2025 година, осомничените во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело – трговија со дрога, искористувајќи ист траен однос и исти или слични прилики, велат од ЈО.

„Тие неовластено продавале или заради продажба неовластено држеле наркотична дрога – амфетамин во вкупна нето маса од околу 6,5 килограми, наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 257 грама, како и – 98 таблети психотропна супстанца 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (МДМА). Предистражната постапка против осомничените траеше неколку месеци и притоа дел од доказите се обезбедени со примена на посебни истражни мерки. На 3 јули сите осомничени беа лишени од слобода во координирана акција, при што по барање на јавниот обвинител, а врз основа на претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. При претресите, освен претходно наведената дрога и психотропни супстанции, беа пронајдени и одземени дополнителни количини и пакувања со марихуана, хашиш, амфетамин, кокаин, различни таблети, повеќе дигитални ваги, други предмети и парични средства“, соопштија денеска од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за определување мерка ефективен притвор за сите шестмина осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ