петок, 30 мај 2025

Отворена истрага против скопјани, претепале дете зашто сакало да влезе во казино да се коцка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 35, 50 и 43 години за кривично дело – насилство. За истиот настан, согласно Законот за правда за децата, ќе биде поведена постапка и против 17-годишник во судир со законот.

Објавено на

часот

Сподели

На 30 април во вечерните часови, пред казино во Драчево, сите осомничени во група малтретирале и телесно повредиле вработен во казиното, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, информираше Обвинителството.

„Инцидентот се случил кога малолетникот сакал да влезе во казиното, а вработениот не го пуштил. На тоа малолетникот се заканил и телефонски ги повикал останатите осомничени кои со два автомобили пристигнале пред казиното. Најпрво му се заканиле на оштетениот со барање да го пушти детето да влезе или ќе го запалат казиното, а кога тој одбил, го опколиле и физички го нападнале, удирајќи го со бокс и нанесувајќи му телесни повреди. Едниот од осомничените од возилото извадил дрвена мотка и почнал да замавнува кон оштетениот, кој се повлекол кон влезот на казиното. Случајни минувачи ги спречиле да продолжат со насилството, но кај оштетениот и во јавноста осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до судот доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/ престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на службено лице и одземање на патните исправи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ