„Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници. При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба“, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложил да биде определена мерка притвор.