понеделник, 23 март 2026

Отворенa книга на жалост во македонската амбасада во Тирана

Во македонската амбасада во Тирана отворена книга на жалост, а на објектот на амбасадата македонското знаме од вчера се вее на половина копје по трагедијата во Кочани и загинатите 59 лица.

Објавено на

часот

Сподели

„Информираме дека денеска во амбасадата е отворена книга на жалост за жртвите од трагедијата во Кочани. Денеска тоа беше од 13:30 до 15:30 додека од утре до петок од 9:30 до 12 часот и од 13:30-15.30 часот“, соопштија од амбасадата.

Вчера амбасадата изрази најдлабоко сочувство до семејствата, пријателите и блиските на младите. чии животи трагично згаснаа.

„Оваа загуба е ненадоместлива, а болката ја делиме со целиот народ. Во овие тешки моменти, зборовите не се доволни за да ја опишат тагата и празнината што останува. Но, споменот за нив нека живее вечно во нашите срца, а нивните души нека најдат мир. Почивајте во мир. Нека светлината ја води вашата патека во вечноста“, наведоа од македонската амбасада во Тирана.

Од име на амбасадата вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу, покрај сочувство до семејствата на загинатите, на повредените им посака побрзо закрепнување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ