вторник, 15 јули 2025

Отворен ден на Армијата денес во Кавадарци

Оклопни возила, вооружување и заштитна опрема ќе можат да видат граѓаните на отворениот ден на Армијата што ќе се одржи денеска на градскиот плоштад во Кавадарци во период од 10:00 до 13:00 часот, соопштија од Канцеларијата за воени односи со јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

По повод меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR 25) што се одржува на АП Криволак, граѓаните одблиску ќе можат да ги видат новите армиски возила JLTV, инженериско возило „Husky“ и робот за откривање и деминирање на мини, како и НХБО средства. Дополнително ќе може да се запознаат со најновото пешадиско вооружување, заштитна опрема од армиите на САД, Италија и Македонија , но и апинистичката опрема на американската армија.

Меѓународната вежба „IR 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“. Во вежбовната активност на армискиот полигон Криволак учествуваат над 2.200 армиски припадници од земјава,САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово.

Преку изведување на копнени и боеви гаѓања се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ