На настанот присуствуваа претставници на менаџментот на компанијата, при што беше истакнато дека инвестицијата во човечкиот капитал претставува стратешки приоритет за компанијата.
„Со отворањето на Бизнис центарот создаваме структуриран и современ простор кој е целосно посветен на развојот на нашите вработени и унапредувањето на нивните знаења и вештини. Овој центар ќе овозможи систематска реализација на обуки, тренинзи и развојни програми, усогласени со стратешките цели и реалните потреби на компанијата. Веруваме дека континуираната едукација, размената на знаење и унапредувањето на вработените се клучни предуслови за ефикасно работење, поттикнување иновации и обезбедување долгорочен, одржлив раст на „Макпетрол“, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, главен оперативен директор на компанијата.
Со оваа инвестиција, „Макпетрол“ дополнително ја зајакнува својата посветеност кон создавање мотивирачка, едукативна и современа работна средина.
„Макпетрол“, по своето основање пред речиси 80 години, постојано е меѓу компаниите што значително придонесуваат во развојот на македонскиот пазар и на домашната економија. Компанијата тоа го остварува преку производи со врвен квалитет, професионална услуга, како и вработени кои што континуирано го унапредуваат и подобруваат своето знаење. Основа за тоа се инвестициите на „Макпетрол“ во сопствениот тим преку можностите за развој и за напредок.






