„Претходно пченицата беше по 12 денари. Но, таа цена беше за прва класа. Оваа година, бидејќи беше многу сушна, мислиме дека пченицата повеќе се користи и за исхрана на стоката. Во доволни количини нема мумуруска, пченка, нема и тоа во Македонија, Србија и во сите околни држави. Заради сушата многу е намалено производството на мумуруската и за таа сметка ќе биде дополнета со пченицата“, изјави Сарафимов.
Според него, прв пат се откупува пченица за стоковните резерви од индивидуалните земјоделци кои можат да предадат од 5 до 30 тони лебно зрно за стоковните резерви. Сарафимов очекува наредната година откупот на пченицата да биде порано, како што им ветиле од ресорното Министерство. Смета дека со ова ќе бидат и подобри цените за откуп на житните култури.
„Првпат се откупува пченица за стоковните резерви, порано можеше да биде и од друга држава. Првпат се откупува директно од индивидуалните производители, а истото ќе биде и со откупот на оризовата арпа за стоковните резерви, ќе се откупа за првпат“, вели Сарафимов.
Според евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство годинава под пченица била засеани 70.000 хектари, а проценките се дека се произведени 280.000 до 300.000 тони пченица со што ќе се задоволат домашните потреби.






