„Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите во заблуда. Со години се врши намалување на пунктовите за откуп, бидејќи се и намалени количествата за откуп на тутун. Тутунопроизводителите да не се плашат, целиот род ќе им биде откупен. Треба да бидат трпеливи, да им се исуши тутунот и да може да им биде откупен во прва класа“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.
Сојузот е подготвен да разговара и со откупувачитеи со ресорното министерство за новата реколта и новите договори со цени.
„Да завршат празниците, очекуваме да ги почнеме разговорите и со откупувачите за договорите за годинашнава реколта и за новите цени, а со Министерството заземјоделство за Законот за тутун“, вели Ристески.






