„Оваа ретка можност нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. На фотографиите можете да го видите моментот кога мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ни ја својата убавина“, наведуваат од локалитетот.

Тие ги повикуваат посетителите да дојдат и да го посетат локалитетот и да го видат тоа богатство.

„Дојдете во Стоби, и откријте дел од приказната што долго време била скриена, сега повторно оживеана пред вашите очи!“, се наведува на фејсбук страницата на археолошкиот локалитет Стоби.






