Како што објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Тоше „не загина попусто, загина спасувајќи млади човечки животи“.
„Шест месеци по оваа голема трагедија, болката и тагата се уште се силни, но со поставувањето на оваа биста вечен ќе биде споменот за неговата храброст и саможртва. Тоше останува симбол на посветеноста и пожртвуваноста на македонскиот полициски службеник, човек кој својот живот го стави во служба на заштитата на другите. Како Министерство за внатрешни работи ќе продолжиме да стоиме покрај семејствата на загинатите, да ја чуваме нивната жртва од заборав и да се бориме за правда, во името на сочувството, достоинството и почитта кон оние кои најмногу изгубија. Вечна слава и благодарност за Тоше. Хероите живеат вечно, Тоше ќе живее вечно“, напиша Тошковски на неговиот официјален фејсбук профил.







