На 30 јуни, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ибраими и уште две лица поради сомневање за сторени дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Според пријавата, во март и април годинава во паркот беше дозволена нелегална сеча на техничко дрво-ела на локација наречена „Брана“, без соодветна постапка и оглас.
По спроведена истрага, обвинителството заклучило дека нема основа за обвинение. Утврдено е дека Ибраими и другите осомничени немале лична корист и дека нивните активности биле насочени кон намалување на штетата на шумскиот фонд. Во извештајот стои дека тие не само што не причиниле пустош, туку ги презеле чекорите за заштита на шумата.






