четврток, 25 декември 2025

Отфлени жалбите и потврден притворот на директорите од Комунална хигиена

Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Предлогот на обвинителство е поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ