петок, 16 јануари 2026

Осумнаесет години од смртта на Никола Кљусев – првиот премиер на независна Македонија

Денеска, 16 јануари 2026 година, се одбележуваат 18 години од смртта на академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Република Македонија и една од клучните личности во процесот на осамостојување на македонската држава.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Никола Кљусев почина на 16 јануари 2008 година, на 80-годишна возраст. Функцијата премиер ја извршуваше во периодот од 1991 до 1992 година, во време на историски и политички предизвици, кога беше поставен темелот на македонската независност и сувереност.

Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-1945) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија.

Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година.

Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје.

Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања.

За својата научна активност носител бил на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем број други награди и признанија во земјата и во странство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ