понеделник, 8 декември 2025

Осудените за убиството на Вања и Панче ќе се жалат на казната затвор, обвинителството на ослободителната пресуда за Ѓорчевски

Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев ја добиле пресудата со која се осудени на доживотна казна затвор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кон крајот на јуни годинава. Пресудата ја добил и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од вина поради недостаток на докази.

 

Објавено на

часот

Сподели

На последниот ден од правото на жалба, жалби најавуваат и осудените и обвинителството.

Дел од одбраната на осудените, велат дека ќе се жалат на доживотната казна затвор. Според нив во пресудата се констатирани неправилности, пропусти и суштествени повреди на постапката. Затоа, велат тие, ќе бараат јавна седница пред Апелацискиот суд Скопје на која ќе ги изложат своите докази.

И обвинителството поднело жалба до Апелацискиот суд Скопје, но за ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска кој беше обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка која потоа беше убиена.

Јавна седница пред Апелацискиот суд Скопје ќе бара и адвокатот на Ѓорчевски, на која ќе приложи докази со барање да биде потврдена ослободителната пресуда за таткото на убиеното 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ