сабота, 27 декември 2025

Осуден напаѓачот кој со возило намерно удри во полициски службеник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор.

Објавено на

часот

Сподели

На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил „фолксваген“, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. Кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила за да го запрат, осомничениот со возилото сакал да прегази полициски службеник.

Полицаецот излегол од службениот автомобил за да го легитимира, а во тој момент осомничениот се залетал кон него со возилото со голема брзина, го удрил во стомакот и левата нога, а потоа удрил и во полициската кола, по што продолжил да вози. Полицаецот од ударот се здобил со неколку телесни повреди.

Обвинетиот беше лишен од слобода на 25 декември и веќе следниот ден беше изведен пред суд, каде го призна делото. Судот во Кавадарци изрече пресуда со која го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата одлучи обвинетиот да биде обезбеден со мерка притвор поради опасност од бегство и можноста да го повтори делото.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ