Во тек е дистрибуција на решението до сите доверители опфатени со планот за реорганизација, а истиот е објавен на веб-страната на Централен регистер.Тие имаа право на жалба во рок од 8 дена и доколку нема жалби,решението на Основен суд Велес ќе биде прависилно и претставува извршно решение, по што течат роковите за реализација на планот за реорганизација на фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска, информира за МИА Димитар Аџиев, стечаен управник на Кoлска
Согласно планот, реорганизацијата ќе ја спроведува фирмата „Трени Балкани“ ДОО од Босилево со италијанска и албанска фирма.
Инаку доверителите на фабриката за шински возила „Велес“ претходно едногласно ја прифатија програмата за реорганизација од страна на „Трени Балкани“ ДОО Босилово струмичко на стечајното рочиште кое се одржа на 19 март во Основниот суд во Велес, предмет што го водеше судијката Дара Арсова.
Долгот на Колска е околу 77 милиони денари, а од нив 62 милиони денари или над милион евра се на УЈП-Регионална дирекција Прилеп со 83 отсто од долгот, следува фирмата „Техно гас“ од Скопје, како и ЈП Македонски железници и во помал проценѕ ЈКП „Дервен“, а има и повеќе мали доверители–поранешни вработени, сега пензионери, на кои треба да им се платат отпремнини.
Во фабриката за шински возила „Велес“ (Колска) моментално работат 43 рабитници, а ангажирани се на поправка, односно репарација на стари вагони за Македонски железници.
Фабриката за шински возила „Велес“ работи од далечната 1916 година, и е меѓу најстарите на Балканот.