Слоганот на маршот „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.
Учесниците на маршот истакнаа дека празничните честитки не се доволни, доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација.
Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на 8 Март, кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот.






