понеделник, 22 декември 2025
Локални избори 2025

Османи: Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања по однос на релацијата со Бугарија

Секој кој се обидува да не ја почитува или да пресоздава нови алтернативни варијанти, верувајте дека влегува во ризичен терен. Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања во однос на односот со Бугарија -јазикот и посебноста на народот. Уставните измени се единствената гаранција за посебноста, јазикот е дефиниран во преговарачката рамка, секој кој се обидува да отвори нови состојби со Бугарија, всушност мислам дека работи за Република Бугаријa, одговори попладнево на новинарско прашање, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по презентација на неговата програма за претстојните локални избори. Тој уште кажа дека секоја продавница што ќе се отвори во Старата скопска чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас останувам на ставот дека има некои прашања што мора да излезат од двневно – политичкиот дискурс за политички поени. Тоа се прашањето на Европската Унија и прашањата поврзани со Европската Унија. Мислам дека во неколку наврати во која било функција, сум побарал да има натпартиски договор по однос на тие стратешки прашања“, истакна Османи.

Притоа, тој го спомена примерот на Хрватска.

„Хрватска имаше само 72 месеци преговори со Европската Унија заради една причина, затоа што позицијата и опозицијата постигнаа договор дека ќе се натпреваруваат во сите теми, но, не за Европската Унија. И затоа сметам дека сега во предизборна кампања, отворање на дебатата, мислам дека нема да помогне на процесот. Можеби има добра намера. Јас не сум убеден дека со резолуции тоа ќе се постигне. Преговарачката рамка е најважниот документ што нѐ штити од какви било нови барања. Нема поважен документ. Во наш интерес е“, смета Османи. 

Тој уште кажа дека секоја продавница што ќе се отвори во Старата скопска чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија.

„Прашањето на чаршија е многу важно. Јас сум рекол дека Чаир нема море, но, ја има чаршијата. Што би посакал секој град да го има? На чаршијата не ѝ треба многу. На Скопската чаршија ѝ треба само да ѝ се врати оригиналниот изглед на минатото. Луѓето во чаршија доаѓаат поради историскиот аспект. И ова ќе биде нашата задача. Само ќе го вратиме изгледот како што било. Да ги вратиме старите занаети, да ги субвенционираме занаетите. Секоја продавница што ќе се отвори во чаршија ќе биде субвенционирана од Општината. Секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија од Општината“, рече Османи.

Тој ги гледа овие избори повеќе од локални избори. Како еден крстопат, појасни тој, кадешто, како што вели, граѓаните на Чаир ќе одлучуваат дали ќе продолжат како досега во една општина во безредие, во хаос, во нелегални градби, загушена во тесни улици полни со автомобили поради недостаток на паркинг – места, прогласена за најнетранспарентна и најнечиста.

Или тие, како што рече, може да одберат друга понуда.

„Понуда што нуди долгорочна визија, меѓутоа и ургентен пристап во третирање на најкритичните точки, како што се нечистотијата, дивоградбите, безбедноста и недостатокот на паркинг – места. Оттука мојата програма е поделена на две траектории. Ургентната, што бара итно делување уште во првиот ден, затоа што сите анализи покажуваат дека за неколку години, доколку продолжи овој третман на зголемување на бројот на жители, на зголемување на бројот на возила, на Чаир му претстои дефинитивен колапс“, нагласи Османи.

Тој се осврна и на долгорочната визија за Чаир – 2040, како што нагласи, подготвена од најеминентните архитекти во светот, водена од Мишел Ројкинд.

„Ја дефиниравме 2040, за да не ја врзам со мојот мандат. Со мандатот на политичката партија. Туку, тоа да биде еден социјален договор на самите граѓани, коишто ќе го дефинираат тоа како нивно очекување. Кои, независно кој ќе биде по мене во Чаир, ќе мора да продолжи по тој пат на дефинирање на долгорочната визија за Чаир“, појасни Османи.

Најави повеќе приоритети и се осврна на очекувањата на луѓето во Чаир.

„Нашите приоритети се прво во мобилноста, бидејќи сметам дека тоа е основниот предуслов за останатите функции, 2.500 нови паркинг – места, ново комунално претпријатие за хигиена, нова политика за борба против корупција, вклучувајќи тоа што сметам дека никој не го направил досега, а тоа е живо пренесување на сите фази од постапките за јавни набавки, бидејќи мора да го повлечеме, односно да го тргнеме, имиџот дека сите политичари се корумпирани, бидејќи сметам дека така ќе ја вратиме довербата на граѓаните. Тоа го очекуваат граѓаните на Чаир“, потенцираше Османи пред присутните.

На новинарско прашање за коментар на соопштение од ВМРО – ДПМНЕ, Османи одговори дека според него, со таа националистичка реторика се обидуваат да ја покријат неефикасноста на владеењето, што прави долгорочни штети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ