Регионалниот Центар за управување со кризи во Битола преку единствениот број за итни случаи 112 доби пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен). Пријавителот претпоставил дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.
Веднаш била известена Граничната полиција Маркова Нога, полициската станица Ресен, концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување. По интервенцијата на надлежните служби, со присутен ветринар од НП Пелистер мечката беше успиена и безбедно ослободена, информираат од ЦУК.