недела, 29 март 2026
Истражување на МКД.мк

Орце Ѓорѓиевски со голема доверба, хигиената е најголемиот проблем за сите градоначалници

Голема е довербата на граѓаните во новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски, покажува последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн. Од одговорите на испитаниците, хигиената и во Скопје и во другите општини е најголемиот проблем со кој градоначалниците треба да се справат. Истражувањето покажа дека проектот Безбеден град е добредојден и дека треба да се примени и во други градови.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето колку сте задоволни од работата на градоначалникот на Скопје, половина од испитаниците (49%) одговорија позитивно, а 44,6 отсто се незадоволни.

Речиси две третини од испитаниците одговорија дека градоначалникот на Град Скопје почна со исполнувањето на ветувањата дадени на локалните избори.

Истражувањето покажува дека за граѓаните на Македонија главно се задоволни од работата на градоначалниците во нивната општина (55,8%) и дека ги исполнуваат ветувањата. Сепак, во сите општини граѓаните сметаат дека најголем проблем е хигиената, на второ место е јавниот превоз, па урбанизацијата, паркингот, кучињата скитници, загадувањето на воздухот…

За проектот Безбеден град на МВР, најголем дел од испитаниците (44,6%), во чие место на живеење е применет овој проект, сметаат дека системот е одлична и потребна работа. 31,2 отсто од испитаниците сметаат дека системот е добра работа, но потребни се измени, додека 20,4% не го поддржуваат овој проект. Најчесто наведувана предлог промена за Безбеден град е примената на системот на повеќе места и во повеќе градови.

Две третини од испитаниците во чие место на живеење не е применет Безбеден град (67,6%) ја поддржуваат идејата да се постави системот и во нивното место.

Мнозинството од испитаниците (83,7%) изјавиле дека се запознаени со предлозите на законот за забрана на пушење на јавни места. Од нив 65,5% го поддржуваат овој закон, додека 26,8% не го поддржуваат.

Голема е и поддршката од граѓаните за забрана за пушење на јавни места (65,5 %), а 26,8 не ја подржуваат оваа планирана мерка.

Една третина од испитаниците се запознаени со прелозите на законот за високо образование. Од нив, повеќе од половина го поддржуваат законот за високо образование, 28,6% не го поддржуваат, додека 18% немаат став.

Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ