„Овој булевар ќе биде изграден со шест коловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување, со што ќе се реши хроничниот хаос, но уште поважно, ќе се подобри безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Овој проект е дел и од нашата стратегија ‘Визија: Нула несреќи’, преку која до 2030 година Скопје ќе редизајнира 50 критични улици и крстосници, применувајќи европски стандарди за урбана безбедност.
Паралелно со булеварот, започнува и изградбата на монтажната катна гаража кај ТЦ Чаирчанка. Со години наназад, овој дел од градот се соочува со драматичен недостиг на паркинг места. Со новиот монтажен систем ќе добиеме решение кое е брзо, функционално и безбедно, без дополнително оптоварување на јавниот простор. Оваа гаража ќе понуди зголемен капацитет и уредено паркирање, со што ќе се растовари околината и ќе се подобри квалитетот на животот во овој густо населен дел на Чаир.
Со сите плнирани проекти, јасно потврдуваме дека визијата за Скопје е еднакво развиен град, во кој секоја општина добива инфраструктура достојна за современо живеење. Рамномерниот регионален развој е нашата насока, затоа што само така Скопје може да биде град кој на сите им нуди подеднакво квалитетни услови“, изјави Ѓорѓиевски.






