„Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред поддржувачите.
Според официјалните резултати на ДИК од досега пребројаните 98,69% Орце Ѓорѓиевски освои 94.241 гласови наспроти неговиот противкандидат од Левица Амер Мециновиќ со 60.032 гласови.






